Во СВР Тетово во петокот се пријавени дава случаи во кои една малолетна девојка е физички нападната, а во другиот е пријавено исчезнување на друга малолетна девојка.
Во петокот вечерта, околу 20.30 часот на улицата „Никола Тесла“ во Тетово. 16-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и оделе пеш по улицата биле следени од три непознати лица коишто им дофрлувале. Притоа едно од лицата физички ја допрел девојката во задниот дел од телото, а кога таа изреагирала со глава ја удрил во пределот на лицето, по што го напуштиле местото на настанот
На девојката ѝ е укажана лекарска помош во Кличничката болница во Тетово, а СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.
Во полициската станица во Групчин, 35-годишен жител на тетовското село Желино пријавил дека пред околу три дена неговата 15-годишна ќерка која била на гости кај роднини се оддалечила во непознат правец. Тетовската полиција и во овој случај презема мерки за пронаоѓање на лицето.