Истражните органи ја извадиле и провериле соддржината на апаратот за регистрирање на податоците на летот – една од двете таканаречени црни кутии на рускиот авион, што во текот на викендот се урна во Египет, соопшти денеска Министерството за цивилна авијација, цитирано од британските медиуми.
Во соопштението, меѓутоа, се прецизира дека втората црна кутија, што го соддржи записот од гласовите во пилотската кабина (cockpit voice recorder, CVR) е делумно оштетена и неопходно ќе биде многу работа за да се извлечат податоците од неа.
„Затоа не можеме да даваме натамошни коментари за тоа што е запишано во апаратот за гласовите од пилотската кабина. И натаму трае истрагата на остатоците од местото на несреќата“, соопшти министерството.