Едно лице загина, над илјада лица загрозени од поплавите во Србија


Едно лице загина во поплавите кои поради големите дождови вчера ја зафатија општина Кладово на истокот на Србија, соопштија властите.

Повозрасна жена го загубила животот во населбата Текија кај Кладово каде е најтешка ситуацијата и каде во тек е евакуација со помош на пловила и хеликоптери.8poplavi500

Кладово уште од утрово е отсечено бидејќи поројните дождови предизвикаа поплави и свлечишта кај планината Мироч и урнаа два моста кои од Неготин водат кон Кладово, а оштетена е и Ѓердапската магистрала кај Текија.

Началникот на општина Кладово Радован Арежина вели дека се загрозени над 1.000 семејства во населбата Текија и околината.

Две лица загинаа во поплавите во Словенија за време на викендот, а стотици луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во Хрватска. Во големите поплави кои во мај го зафатија Балканот животот го загубија над 50 лица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1