Едно паркинг место во скопските катни гаражи чини и по 50 илјади евра


За изградба на шест катни гаражи во центарот на Скопје досега се потрошени 72 милиони евра, финансиски средства речиси во висина на првично планираната сума од 80 милиони евра за реализација на проектот „Скопје 2014“. Со вакво тврдење  излезе Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. Шилегов истакна дека за изградба на катната гаража Даме Груев досега се издвоени над 30 милиони евра, а нејзиниот капацитет е 600 паркинг места. „Ова значи дека граѓаните на Македонија, за само едно паркинг место, во оваа катна гаража, плаќаат 51.593 евра“, изјави портпаролот на СДСМ.

BG--garaza

Шилегов напомена дека за новата катна гаража спроти Макпетрол биле одвоени 12 милиони евра, иако во неа биле обезбедени 445 паркинг места. За објектот Солунски конгрес кај Пошта 1 отишле 7,3 милиони евра, додека за катната гаража кај Судска палата се издвоиле 5,7 милиони евра. „Значи, „Скопје 2014“ требаше да чини 80 милиони евра, а само за овие шест катни гаражи во центарот на Скопје, власта на Никола Груевски потроши над 72 милиони евра“, рече портпаролот на СДСМ.

Градот Скопје, Општина Центар и АДСДП како инвеститори на досега реализираните катни гаражи не реагираа на денешните обвинувања на опозицискиот СДСМ. Со соопштение се јави партијата ВМРО-ДПМНЕ, која тврди дека овие објекти се потребни за решавање на сообраќајниот метеж во градот. Според владејачката партија, катните гаражи требало да се изградат многу порани како во Скопје, така и во останатите градови во Македонија. СДСМ, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, се обидува да ги проблематизира катните гаражи, иако целокупната постапка за нивна изградба е водена законски, а за секоја катна гаража е одржана електронска аукција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1