Египетски Хороскоп – ЕВЕ што древните богови Ви советуваат


Египетскиот хороскоп е еден од најстарите. Се користел уште од древните фараони за управување со земјата, но и за ублажување на љубовните маки.

Поделен е на 12 знаци, а со секој знак раководи по еден бог. Врз основа на датумот на раѓање лесно ќе откриете кое боженство Ве штити и како да имате подобар љубовен живот.

egipetski-horoskop

AMON (1. јануари-2. февруари)

Во љубовниот живот Ве штити Амон-богот на пророците, кој на своите штитеници им дава талент да вистински се заљубат на прв поглед и тоа во правата личност. Кога тоа ќе се случи, а обично е во прашање некое јавно место, на љувта на Вашиот живот ќе ја освоите со ведрината која ја зрачите. Таа тогаш не е во состојба да одолее на толкава позитивна и привлечна енергија. Упорни сте, но и ненаметливи, а својата волја ја спроведувате тивко и полека. На прв поглед изгледате ладно, но во суштина гаите длабоки чувства. Некогаш изгледате незаинтересирано, што иначе значи маска за силна емотивност. Обично сте љубител на ромската музика. Не толерирате прељуба и лошите љубовни односи знаете на време да ги прекинете. Посесивноста сепак знае често да биде присутна во Вашите врски.

SEBEK (3. февруари-4. март)

Многу ја цените убавината и уметноста. Понекогаш надворешната убавина знае и да Ве заслепи, но сепак сте рангирани помеѓу најнапредните личности кога станува збор за емоции и сексуалност. Оригинални сте и неповторливи. Во емотивните врски имате потреба од интелектуална и пријателска размена. Освен тоа, не сакате да се врзувате само за една личност. Склони сте на експерименти. Брзо размислувате, добро запазувате и имате широк круг на пријатели. Многу сте искрени во емотивните врски и не поднесувате матни ситуации. Себек е бог-крокодил. Го чува живиот свет на реката Нил како и богатството на Египет. За Вас ја има сочувано уметноста да со Вашата сакана личност ја постигнете саканата хармонија. Кога ќе наидете на вистинската љубов, Вие се врзувате за неа, за цел живот.

OZIRIS (5. март-9. април)

Многу сте романтични и сензуални. Склони сте кон идеализација спрема партнерот и животот воопшто. Мора да научите да ги раздвојувате реалноста од желбата и мечтаењето. Полни сте со разбирање спрема другите и изразено сте продуховна личност. Неопходни Ви се љубов и нежност затоа што без нив се чувствувате изгубено. Често имате изразена интуиција, ја сакате природата, поезијата и животните. Потребно Ви е многу повеќе време да се заљубите. Но, кога љубовта ќе се роди, таа е цврста и поуздана. Ве штити Озирис-богот на плодноста.

PTAH (10. април-2. мај)

Во љубовта сте импулсивни и полни со барања. Искрени сте, отворени, лојални па дури и невини. Затоа што Птах е бог на вистината, не се согласувате за врски кои не се искрени. Обично немате многу трпение и поради Вашите барања и импулсивни реагирања лесно ги прекинувате врските. Понекогаш знаете да бидете пргави затоа што Вашата девиза е да ја плесните вистината во очи. Личностите под заштита на богот Птах имаат многу партнери во потрага по вистинскиот. Но кога станува збор за Вашиот избор на партнер знаете да донесите и практични одлуки. Обично бирате личност која цврсто стои на земја и на која може да се наслоните. Знаете да ја цените искреноста.

HORUS (3. мај-16. јуни)

Во љубовен поглед Вие сте како пеперутка. Не сакате цврсти врски, Ве привлекуваат авантури и нови спознанства. Склони сте на жртвовање кон нешто што е ново, па дури и кога знаете дека правите глупост. Со задоволство се впуштате во авантури на патувања или со непознати личности. Често низ животот Ве води радозналоста. Поседувате страствена природа и очи кои се навистина живи. Животот и љубовта за Вас се секогаш трагање по нив и секој нов за Вас е оној вистинскиот. Нај многу Ви одоговара силна и стабилна личност, некој кој може да го скроти Вашиот немирен дух. Посесивни и љубоморни личности не поднесувате.

NEFTIS (17. јуни-21. јули)

Прекрасната Нефтис владее со овој најромантичен знак. Тие кои ги заштитува се превдадени, со своите љубовници постануваат едно тело една душа. Сензуални се, страствени и многу емотивни. Во потрагата за вистинската личност понекогаш го губите компасот и почнувате да лутате од една до друга личност. Љубовта и нежноста Ви се нај потребни од било кој друг знак. Знаете понекогаш да сонувате премногу, но доколку Ви се укажи прилика знаете тој сон и да го исполните. Многу сте креативни и потребни Ви се многу начини за да се изразите. Поради преосетливост и ранливост морате многу да сте внимателни при изборот на партнер.

SET (22. јули-18. август)

Имате многу жив темперамент. Сет е бог на громови и олуја, па затоа на Вашите чувства им дава нота на ѓестока страственост. Не се предавате лесни и од партнерот го барате максимумот. Секогаш сонувате за страст и романса. Вашите критериуми се понекогаш толку високи да со драга воља подобро би сонувале отколку некој половично да Ве задоволи. Потребна Ви е личност со уравнотежен карактер и темперамент која ќе умее да се избори со Вашиот со Вашите жестоки чувства. Но сепак не сте посесивни. Кога сакате тогаш потполно се посветувате. Оние кои се помалку сигурни може лесно да ги исплашите со Вашиот сигурен став кој го имате спрема светот и врските.

ANUBIS (19. август-21. септември)

Одговорни сте, интелегентни и чесни. Емотивни и романтични, но често Ви недостасува иницијатива. Мора повеќе да вложите енергија и ентузијазам кога барате партнер. Во состојба сте да сакате некого долго време без да пробате да му се приближите и да започнете врска. Љубезни сте, дискретни и течко се наметнувате, без разлика на квалитетите кои ги поседувате. Склони сте спрема претерано очекување, но сепак мора се спуштите на земја. Барате личност која ќе може да ги открие Вашите квалитети. Сакате постепено љубовно заведување и во врската очекувате сигурност. Вашите врски како поминува времето се појаки и појаки.

RA (22. септември-15. октомври)

Вашите емоции се деликатни, одмерени, полни со внимание и љубезност. Ретко Ви се случува да влетате во врска без обзир, досека авантурите за Вас се исклучени. Сакате романтична атмосфера и маштовити љубовни игри. Нема да имате проблем да ја најдете личноста на Вашиот живот, затоа што се Вие идеална личност за живот во пар. Осетливи сте на комлименти и долго ги паметите. Романтична атмосфера на почетокот од врската е просто задолжителна. Секогаш сте опкружени со личности од спротивниот пол, па затоа и често сте пребирливи. Сепак тука лежи опасноста. Не сте сигурни за Вашиот избор и настанува колебање. Не се навратувајте на минатото.

IZIDA (16. октомври-9. ноември)

Богињата Изида је богиња на чудата и имате поради тоа магична моќ. Вашата насмевка го зашеметува секого. Во љубовта давате се од себе и ни малку не се стегате да ја превземете иницијативата. Сакате партнерот секогаш да го правите среќен дури што понекогаш и немате мера во тоа. Премногу сте страствени, отворени, а такво однесување очекувате и од партнерот. За Вас нема забрането овошје и на Вашите чувства тешко е да се одолее. Упорноста Ви е јака страна. Кога за некој ќе се одлучите, тој сигурно ќе биде Ваш. Вие ја водите играта и бирате. Да се најде саканата личност за Вас е премногу лесно.

THOT (10. ноември-3. декември)

Често имате проблем со искажување на чувствата, посебно љубовните. Од една страна имате потреба за некој кој ќе биде нон стоп до Вас, а од друга страна сакате бегство и авантури. Најмногу Ви одговара личност која секогаш ќе биде покрај Вас, кога Вам ќе ви биде потребно љубов и разбирање. Вашите потенцијали во љубовта најмногу зависат од расположението. Токму поради тоа Вие често сте прикажани како таинстен човек спрема останатите. За Вас љубовта е синоним на животот. Со задоволство ја превземате иницијативата. Нјамногу Ви одговараат долги врски, во кои станувате пред се пријател со Вашиот партнер.

HATOR (4. декември-31. декември)

Вие сте заљубени во љубовта. Тешко ја прекинувате врската. Потребен Ви е партнер кој ќе Ве разбира, но и да се нурнува во длабочините на Вашите чувства. Хатор е божица на уметноста и музиката, па затоа Вашите чувства се рафинирани и нежни. Иако ја сакате љубовта, често и се плашите од неа. Затоа и често изгледате како ладна и личност која не може да биде освоена. Во љубовта сакате долги подготовки, а трпението го наградувате со голема страст. Имате голем сексуален потенцијал. Конзервативниот став и срамежливоста која ја покажувате, навистина се спротивни од она кое Вие го поседувате и го посакувате.

Извор: ХОРОСКОП МАКЕДОНИЈА

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1