ЕК: Има услови за фер избори и на 24 април и со учество на опозицијата


Брисел ги потсети политичките партии на одговорноста што ја имаат за спроведување на договорот од Пржино. Пораката која стигна од таму до политичарите е да се држат до она што го потпишаа летото во резиденцијата на ЕУ во Скопје. Официјалниот став на ЕК е дека изборите се изводливи на 24 април.evropska komisija
Еврокомесарот Хан, главниот посредник за излез од политичката криза и гарант на пржинскиот договор уште еднаш потврди дека ќе го обезбеди потребното набљудување со цел спроведување на фер, демократски и транспарентни избори.
„ Ќе биде одлично ако и изборите се спроведат во овој дух, каде сите ќе бидат посветени на тоа. Во секој случај, ги повикувам сите играчи во земјата да се држат до договорот од јуни и јули“, порача Хан.
Изводливо е изборите да се одржат во Македонија според договореното на 24 април, но за тоа е потребен меѓупартиски договор, а Брисел сака единствено тие да бидат фер, вели портпаролката на Хан, Маја Коцијанчич.
Во писмената изјава и таа наведува дека лидерите мора да останат посветени на договорот од јули.
„ Напредокот во спроведувањето е од витално значење во контекст на многу внатрешни и надворешни предизвици со кои се соочува земјата, како и со миграцијата. Ние жалиме што не можеше да се постигне консензус за датумот на изборите во петокот минатата недела, и покрај советите на ОДИХР и на ОБСЕ дека договорениот датум во принцип е се уште изводлив, посочува Коцијанчич.
Европската Комисија дава уверување дека ќе стори се за поддршка на подготовките за изборите,од чистење на избирачкиот список па до обезбедување на медиумската ситуација која ќе гарантира фер однос на презентација на сите политички партии и посочуваат дека ОБСЕ ќе има многу стабилен мониторинг пред и за време на изборите.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1