Претседателот на ДС и екс претседател на Србија Борис Тадиќ се сретнал утрово со премиерот на Косово Хашим Тачи. Хрватски вечерни лист објави екслузивна видео снимка од сребата на која Тадиќ се ракува со Тачи.
Според новинарот Томислав Краснец Тадиќ изјавил.
,, ова е сосема случајна среба и јас не би и давал толку големо значење,,
И Хашим Тачи не бил расположен за давање изјави па рекол само ,, Не ми беше во планот,,
Тадиќ побрзал да каже дека ова не му е прва средба со Тачи, односно дека се среќавале и порано кога се зборувало за Косово, но потенцирал дека целосно ги поддржува ставовите на новиот претседател Николиќ по прашањето за Косово.
Тадиќ оценил дека ракувањето со Тачи нема некој голем историски значај, но сепак е добро бидејќи овие два народа имаат проблем кој треба да се реши.
Сепак на овој самит во Хрватска иако повикани нема официјални преставници на српската влада – го откажаа учеството токму поради присуството на премиерот на Косово. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјавил дека е вистинска енигма што Тадиќ бара на конференцијата во Дубровник, кога општ став на Владата во која учествува и партијата на Тадиќ е да не се присуствува на собири каде има преставници на Косово.
Тадиќ демантираше дека тој дошол поради притисокот од американските дипломати.
Во Дубровник се и генералниот секретар на НАТО Расминсен, Филип Гордон и Штефан Филе.