ЕКСКЛУЗИВНО: Миро Масин станува „лајон“? (Фото)


Во Управната зграда на Скопски Саем синоќа се одржа свечен коктел по повод 15 години постоење на „Лајонс клуб Интернешнал- Република Македонија“ и пет години „Лајонс дистрикт 132- Македонија“.
lajonsi 2013 (5)Присуството на членовите на клубот на моќници, нивни гувернери и амбасадори и дипломати не беше зачудувачко, но на крај на вечерта сосема изненади срдечното и еуфорично влегување, како и приемот на кој наиде уметникот Мирослав Масин, кој по поздравувањето со главните луѓе на „Лајонсите“ се „пресели“ пред вратата за да ужива во пушење на цигари и разговор со своите пријатели.
Инаку, на церемонијата беа присутни повеќе амбасадори, а првиот гувернер Небоша Давидовски неочекувано доби највисок орден од светски ранг, од страна на Меѓународниот Претседател Вејн Маден, а кој му го врачија заедно со лајон Линда Маден.
Присуствуваше и поранешниот меѓународен директор Тон Сутерс и лајон  Махтелд Сутерс, гувернерот на дистриктот  Македонија Андреја Стојковски и лајон Живка Костовска-Стојковска.
На крај на вечерта Гувернерот на дистрикт 132, Андреја Стојковски, како што е ред, го предаде чеканот и знамето на новоизбраниот гувернер, кој овој пат  е жена.
Церемонијата на македонски и на англиски јазик ја водеше шармантната Васја Трпеноска, која подолго време се едуцираше во Америка..
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1