Експлодира мопед во Ново Лисиче


234Силна експлозија вечерва ги вознемири жителите на скопската населба Ново Лисиче. Според првичните информации од скопската полицијата и противпожарната бригада, околу 20.40 часот, на првиот кат од зградата број 41 на булеварот Видое Смилевски Бато се запалил мопед, јавува плус инфо. За брзо време мопедот експлодирал, а од запалените гуми се зачадиле ходниците во зградата. 

Станарите веднаш ги алармирале полицијата, пожарната и Итната помош. За среќа, нема повредени, а од сведоците на настанот, како што дознава плус инфо, постарите станари биле вознемирени. Додека траела интервенцијата на пожарникарите, околу зградата се насобрала голема група на граѓани од соседните згради, кои ја слушнале силната детонација.

Од полицијата известија дека подетални информации за настанот ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

Извор – Плус инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1