Несреќа во скопската рафинерија ОКТА. Еден од работниците заработил тешки изгореници, јавува Сител.
Еден од работниците во ОКТА заработил изгореници од втор степен, откако пукнал вентилот кој 54-годишниот В.П. се обидувал да го поправи. Со тешки изгореници по нозете и рацете, работникот бил пренесен со возило на Итна помош веднаш во Ургентниот центар во Скопје.
Според досегашната истрага, експлозијата се случила кај еден од резервоарите за мазут. Од полицијата најавуваат детали во текот на денот.