Екстрактот од кората на бор помага во обновување на мозокот


Резултатите од најновото новозеландско истражување покажаа дека антиоксидансите добиени од кората на борот, може да помогнат во лекувањето на луѓето со сериозни повреди на мозокот.

До овој заклучок дошле научниците после деталното проучување на 60 испитаници со повреди на мозокот. Испитаниците три месеци примале екстракт Enzogenol, 100 постотно природен екстракт од кората на дрвото Pinus radiata од Нов Зеланд.

Резултатите од истражувањето јасно покажале дека моќната комбинација на природни антиоксиданти и анти-воспалителни состојки ја зајакнува меморијата и го подобрува вниманието.

„Резултатите на нашето истражување покажаа дека пациентите кои земаат екстракт од кората на бор имаат помала веројатност од заборавање на имиња и имаат подобро памтење“, изјавил Prof. Valery Feigin, новозелански специјалист за лекување на мозочни удари.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1