Екстремен случај: Жена алергична на својата временост (Фото)


Фиона Кериган (25) од Глазгов е алергична на бременсот. Тоа го открила откако на стомакот добила осип. Таа ретка состојба ја предизвикуваат хормоните во текот на бременоста, а алергијата и се појавиле во последните три месеци од бременоста.

Лекарите и дијагностицирале алергиска реакција поради растегнување на кожата на абдоменот. Минатата година во јануари го родила малиот Леон.Bremena alergija2

– Првин добив неколку црвени дамки, а потоа почнаа да се шират. Бев престрашена. Беше многу стресно бидејќи не можев да ја ублажам алергијата. Кожата ми се растегна до максимум, дури до таа мера што клетките на бебето почнале да се мешат со моите што предизвикало реакција. Всушност, јас бев алергична на бременост – изјавила Фиона, пренесува „Дејли меил“. Таа веднаш повикала бабица која и рекла дека никогаш претходно не видела таква алергија и рекла да им се обрати на докторите.Bremena alergija

На крајот бил испратена на дерматолог кој и дал маст и хидратантен  лосион. Алергијата почнала да и се намалува. Леон е роден две недели порано и бил тежок околу 3.20 килограми.

– Колку и да беше лошо искуство, вредеше. Се заборавив кога го родив синот. Сакам да имам уште едно бебе иако знам дека може повторно да добијам осип. Сега моето тело е повторно како порано, имам здраво дете и се е во ред – изјавила Фиона.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1