Лекар заробил жена, ја силувал и ја држел во подрум шест дена (ФОТО)


Шведски лекар со нарушено здравје е обвинет за киднапирање, силување и дрогирање на жена на 30-годишна возраст, откако полицијата открила дека ја држел заробена во подрумот на својот дом.

Осомничениот ја дрогирал жртвата со јагоди и сок во кои вбризгувал руфинол во текот на неговиот престој во нејзиниот дом во Стокхолм.Svedska doktor

Потоа ја силувал и ја одвезол на имот во Кристианштад, кој бил оддалечен 560 километри од стокхол, во јужниот дел на Шведска. Несреќната жена била заробена шест дена во голем подрум кој „лудиот“ лекар ја адаптирал за долготраен престој за најмалку една личност.

Лекарот по неколку дена се вратил дома, каде дознал дека личноста која ја заробил се води како исчезната и дека полицијата трага по неа.

Тогаш во паника ја натерал жената заедно да одат во полициска станица во Стокхол и да им објасни на полицајците дека се е во ред. За среќа полицаецот кој и зел изјава на жртвата не бил ниту малку уверен дека се е во ред и дека по раздвојувањето од киднаперот, жената успеала да признае што навистина се случува.Svedska doktor2

Во текот на шестдневниот терор, жртвата била изложена на повеќекратни силувања. Мажот сам и направил тестови на крвта и и зел вагинални брисеви за да биде сигурен дека жртвата не боледува од некоја сексуално пренослива болест, пишува „Дејли меил“.

– Веруваме дека ова злостроство осомничениот го планирал со години, бидејќи и самата адаптација на подрумот за заложништво за една или за повеќе жртви траела повече од пет години – изјавил за медиумите главниот тужител Петер Клесон.

Осомничениот лекар признал дека ја дрогирал жртвата, дека ја киднапирал и дека ја држел против нејзина волја но одбил да признае дека ја силувал.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1