Ел Чапо за „Rolling Stone“: не сум насилен и не чувствувам грижа на совеста (ВИДЕО)


Наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, на чиј грб лежи трговија со дрога вредна милијарди долари, во интервјуто за „Rolling Stone“ вели дека не се смета за насилен човек  и дека воопшто не чувствува грижа на совеста.

Ел Чапо, покрај тоа што го товарат за трговија со дрога, тој се терети и за голем број убиства.el capo i son pen

Тој пред неколку седмици имал интервју со холивудскиот актер Шон Пен за списанието „Rolling Stone“ и себе се опишал како семеен човек полн со љубов кој никогаш не започнува конфликт, но подготвен да се брани кога е тоа потребно.

-Јас сум човек кој во ниеден случај не бара проблеми. Јас само се бранам, ништо повеќе, рекол Ел Чапо.

Тој се заблагодарил на Бог што му помогнал да побегне од затвор.

-Обезбедувам повеќе хероин, метамфетамин, кокаин и марихуана од било кој друг во светот. Имам цела флота подморници, авиони, камиони и бродови, гордо изјавил Ел Чапо.

Ел Чапо рекол дека не се дрогира веќе 20 години, и дека се смета за среќна личност, бидејќи е слободен, а на прашањето на Пен дали се чувствува одговорен за високото ниво на зависност од дрога во светот, Ел Чапо одговара:

-Не се чувствувам одговорен, бидејќи таа зависност нема да се намали доколку мене ме нема. Сепак не сакам да ме прикажувате како невин човек, рекол тој.

Извори во мексиканската влада вчера соопштиле дека властите знаеле за планираниот состанок меѓу Пен и Ел Чапо, па го следеле движењето на актерот и го лоцирале наркобосот, што помогнало во неговото конечно апсење.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1