ФОТО: Автобус со фудбалери излетал од мост, најмалку 21 загинат


Автобус кој ги превезувал играчите на аматерскиот фудбалски клуб и нивните навивачи излетал од мост на истокот на Мексико, при што загинало најмалку 21 лице, соопштија денес локалните власти.avtobus.jpg-500

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера во општината Атојак во сојузната држава Веракруз, повредени се 30 лица, а досега бројката на жртвите изнесува 21 лице.

Прелиминарната истрага покажала дека возачот на автобусот возел пребрзо кога ја загубил контролата врз возилото и ја пробил заштитната ограда по што автобусот паднал во реката Атојак.avtobus-2.jpg-500

Автобусот превезувал играчи на натпревар во локалната аматерска фудбалска лига, соопштија официјалните служи и додале дека меѓу патниците имало и деца. Претседателот на Мексико Енрике Пења Нијето на Твитер им изрази сочувство  на семејствата на жртвите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1