ЕМОТИВНО ВИДЕО: Матуранти парите од екскурзија ги донирале на директорката болна од рак


Директорката која своите ученици секогаш ги подучувала да бидат грижливи и несебични, сега кога се нашла во многу тешка ситуација, открила дека одлично ги воспитала.

Матуранти од средно училиште во Битлехем, Њу Хемпшир, се откажале од училишното патување за сите собрани пари да ѝ ги дадат на директорката на која неодамна ѝ бил дијагностициран редок и многу агресивен облик на рак.moneyteacher

Матурантите оваа недела требале да тргнат во популарното одморалиште Rydin’ Hi Ranch во Њујорк, меѓутоа, веста за болеста на директорката Кортни Вашав толку многу ги погодила, што одржале вонреден состанок на кој едногласно одлучиле да останат дома за на директорката да ѝ донираат 8.000 долари.

-Таа жена толку многу ни даде, што одлучивме барем на овој начин нешто да и возвратиме, изјавил претседателот на класот Кристофер Сироис, на чии зборови се надоврзал неговиот колега, благајник во класот Иан Бејкер.

– Станува збор за многу грижлива личност која секогаш не подучуваше да бидеме несебични – рекол тој.

Дека успеала во тоа посведочил овој гест кој ја расплакал директорката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1