Eпрувета со смртоносен вирус исчезнала од лабараторија


Од истражувачкиот центар Галвестон во Тексас исчезнала епрувета со смртоносниот вирус Гуанарито, кој може да предизвика потенцијална смртоносна хеморагична грозница.

vakcinaЕкспертите од Универзитетот во Тексас порачале дека никој не провалил на сила во лабораторијата во кој се наоѓал смртоносниот вирус, односно дека не веруваат дека некој ја земал епруветата со вирусот со лоша намера, јавува “CBS News”.

Има сомнение дека вирусот бил уништен за време на чистењето на лабораторијата во која бил сместен. Американските експерти ја убедуваат јавноста дека место за паника нема. Вирусот Гуанарито потекнува од Венецуела и го пренесуваат само венецуелските стаорци. Тој не може да биде пренесен од човек на човек.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1