Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека соборувањето на рускиот авион во близина на сириската граница било во согласност со правилата на земјата.
Според него, никој не треба да се сомнева оти Турција ги направила сите напори за да се избегне инцидентот.
Тој порача и дека секој треба да го почитува правото на Турција да си ги брани своите граници. Ердоган ги осуди бомбашките напади врз Туркмените и порача дека тие живеат во реони во Сирија каде не се присутни милитантите на Исламската држава.