Есма била против Универзална да се вика Тоше Проески


Есма Реџепова била единствената на вчерашната седнциа на Советот на Град Скопје које галсала против иницијативата, Универзалната сала да го носи името на Тоше Проевски, јавува Утриски весник.

Таа вели дека не е спорен ликот и делото на Тоше, но по него, веќе има крстено многу улици, фонтани и мостови, но во државата има и други важни пејачи.

esma-tose-260x146„Зар еден Сариевски, Васка, Бадев, Вања Лазарова, па и Виолета Томовска не заслужуваат Универзална да се крсти по нив. Па, по Тоше именуваа и фонтани и улици и што уште не. Зар некој се срами од народните пејачи. На секој чекор се пеат ‘Зајди, зајди‘ и други народни песни, а никој не им оддава почит на нивните автори и изведувачи“, коментира Есма на прашањето на Утрински од кои причини во Советот гласаше против предлогот на Трајановски за новото име на Универзална.

Есма смета дека кариерата на Тоше е „потенка“ во однос на споменатите пејачи.

„Сметам дека се направи неправда, но секој има право на глас“, вели Есма и тврди дека во случајов, всушност, воопшто не станува збор за нејзина скриена желба концертната сала во Скопје да го носи нејзиното име. „Не, благодарам, не сакам да ја именуваат по мене. Доволно ме знаат по светот како кралица на ромската песна“, вели Реџепова-Теодосиевска, која во советничката фотелја на Советот на Град Скопје седи веќе трет мандат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1