ЕУ ја зема Нобеловата награда за мир – во Осло протест


Со голема свеченост денеска и официјално Нобеловата награда за мир беше предадена во рацете на претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. Во зградата на Градското собрание покрај високи претставници на голем број земји членки на Европската унија, присуствуваа и кралот на Норвешка Харалд Петти, кралицата Соња, принцот Хакун и принцезата Мете Марит.


По свеченоста во зградата на Градското собрание, попозната како Радхус, прославата се лоцираше во познатитот Град хотел. Од терасата на хотелот, насобраната толпа луѓе ги поздравија лидерот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј.

Вчеравечер, во очи на големиот настан, околу 1.000 протестанти маршираа низ Осло и протестот го продолжија токму пред хотелот Гранд. Мотото на протестот беше: “ЕУ2012- Нема награда за мир за нашето време”.

Oд Осло за MKnews.MK – Славица Савеска

Share Button
Славицa Савеска Кењереш

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1