Темпирана бомба – потоната нуклеарна подморница закана за целиот свет


Стара, потопена, зарѓана, и напуштена. Ова е денешната слика за подморницата К-27, но има и една придавка која е многу важна и треба да се додаде, радиоактивна.
„Подморницата на смртта“, како што ја нарекуваат во Русија, доживеа само 3 мисии. При последната мисија во Барентското море, храбриот, но необучен екипаж ги даде своите животи за да ја поправат штетата која и беше нанесена на подморницата.
Владата на СССР за овој инцидент молчеше скоро 30 години, подморницата беше преместена во зона за нуклеарно тестирање во морето Кара, а семејствата на починатите не добиле никаков надоместок.

Дека духовите и грешките од минатото секого го стигаат покажува и фактот дека еднаш тајната и далечна локација во морето Кара, сега е дел од светската рута за трговија. А, некогашната гордост на флотата, сега е радијациски кошмар за сите патници во тој регион.
Иако светските протоколи за кладирање на радиоактивни матријали во водните површини налагаат тие да се складираат на длабочини поголеми од 3000 метри под нивото на морињата, руската морнарица ја складирала подморницата на само 75 метри.

NGO Bellona, организација која за цел има заштита на светот од нуклеарен отпад, пред неколку месеци издаде извештај во кој загрижува фактот дека нуклеарната радијација во К-27 достигнува критично ниво.
Токму поради тој факт, Русија и Норвешка со заедничка експедиција планираат да го преместат радиоактивниот пекол од сегашната локација, на некоја недостапна локација каде ќе може трупот на гордоста на СССР да почива во мир, а околината да не пати заради неа.

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1