ЕУ ќе ги врати визите?


Ќе ни требаат ли повторно визи за да патуваме во европа? Се очекува европската унија да го објави нацрт-планот кој предвидува до крајот на ноември повторно да биде вратена на сила целосната примена на шенгенот за слободно движење на луѓе и стоки, со што ќе се вратат редиците пред амбасадите.viza-630x376

Дел од странските новински агенции кои имале увид во документот наведуваат дека договорот е одговор на одлуките на повеќе земји-членки да воведат времени гранични контроли поради влезот на имигрантите на нивна територија.
Овој план предвидува, преку фронтекс, да биде зајакната контролата и на надворешните граници на европската унија, особено во грција. До есен веќе би требало да има независна гранична и крајбрежна полиција.

Од брисел се уште ја немаат потврдено информацијата, иако до 12ти март се очекува планот да биде усвоен, брифираат оттаму. Во април европските власти ќе извршат увид како грција се справува со заштитата на надворешната грарница на еу, на база на што ќе биде донесено и решение дали ќе продолжат да постојат внатрешните граници, во земјите од унијата. Доколку грците не ја исполнат добро задачата се поверојатно е враќањето на визите и за македонците. Во европа во 2015та, се регистрирани рекордни 1 милион и 250 илјади бегалци, два пати повеќе отколку во 2014.

Шенген зоната е веќе во критична ситуација, поради воведените гранични контроли, а според геманскиот весник зидојче цајтунг, ваквата одлука би ја чинела европската економија 18 милијарди евра годишно.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1