Евакуиран аеродромот во Тулуз


Аеродромот во францускиот град Тулуз утрово е евакуиран поради безбедносни причини, јавуваат светските медиуми.

Дури и патниците кои веќе биле во авионите морале да ги напуштат леталата и да одат на безбедно место. Засега не се познати детали, а објавено е дека аеродромот е затворен во 6.45 часот.aerodrom-francija-tuluz

Локалните медиуми наведуваат дека на аеродромот вршат претрес припадници на војската, се вршат проверки на идентитетите на патниците, како и претрес на возила.

Според неофицијални информации, причина за блокирањето на аеродромот е сомнителен пакет, но одредени медиуми наведуваат дека евакуацијата е извршена од предострежност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1