Еве каде го кријат богатството, супербогаташите – 21 билион долари



Најбогатите луѓе на светот далеку од очите на даночната управа, го сокриле своето богатство за кое што се верува дека изнесува повеќе од 21 билион долари.

Сите овие парични средства се наоѓаат во земјите кои можат да се опишат како даночен рај. Веќе подолг период мрежата на даночната правда ја истражува економистот Џејмс Хенри, кој што до податоците дошол користејќи извори од Светската Банка, ММФ и од Интернашнел Сетлментс. Добиените резултати не ги вклучуваат само депозитите, туку и разни имоти како недвижнини и јахти.

Поедини земји како што е тоа случај со Германија, дури и плаќаат за информации, за случаеви во кои што се избегнува плаќањето на даночната такса.
Хенри зборува за тоа дека супербогаташите, своите парични средства ги собираат на грбот на големиот број, како што тој ги нарекува мрајви работници, во банките, правните, сметководствените, и инветициските индустрии.

Од друга страна пак, ова е одлично откритие од страна на Хенри, затоа што светот тукушто пронајде голем фонд на парични средства, во кој може да се посегне, како би се помогнало во решавање на најголемиот светски и економски проблем. Истражувањето наиде на негодување на даночни експерти во Велика Британија, кои признаваат дека во добар дел од светот се кријат големи износи, но се сеомневаат дека станува збор за сумата која што ја навел Хенри.

Тој пак тврди дека ваквата бројка најверојатно е и многу поголема, но во овој момент тоа не може да го докаже.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1