Го искористиле масакрот во Аурора за продажба на танга гаќички


Жртвите од масовното убиство во Аурора се уште не се ни погребани, а некои веќе се досетиле како да заработат на нивната несреќа.

Бели танга гаќички со натпис „Аурора 07-20-12“ и црна машна накратко се појавија на онлајн продажниот сајт Кафепрес.

Откако им било укажано за „невкусните“ парчиња облека, уредниците на Кафепрес веднаш реагирале и ги повлекле тангите од сајтот.

– Производите на сајтот Кафепрес ги смислуваат самите корисници. Секој ден, се појавуваат 20 илјади дизајни со најразлични теми, од политика до хумор. Мислиме дека корисникот кој го понудил ова парче облека мислел дека постапува со најдобра намера и сожелба да им помогне на жртвите, стои во образложението на сајтот.

Уредниците на сајтот сметаат дека натписот подобро би било да се најде на маички, но во случајот со тангите настанала груба манипулација.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1