Еве како да препознаете лажен профил на Фејсбук


Социјалната мрежа Фејсбук има околу 1,35 милијарди корисници, а според последните студии, околу 20 до 30 отсто од профилите се лажни.

Повеќето од нив се направени да се шири спам и вируси преку мрежата, и не постои начин да се спречи создавањето на нови, лажни профили. Постојат неколку совети за тоа како можете да проверите дали некој профил е лажен.facebook+fake+users1

Проверете ги фотографиите 

Ова е најбрзиот и во повеќето случаи прецизен начин за да се провери друг профил. Преземете сликата на профилот кој мислите дека е лажен, отворете ја почетната страница на Google и кликнете на “слики” или “слика” во горниот десен агол. Кога ќе се отвори нова страница, кликнете на иконата на камерата во десниот дел од прелистувачот.

Ќе добиете можност да го вметнете ‘url’ од фотографијата или да испратите слика од вашиот компјутер. Вметнете ја преземената слика и проверете дали е земен од некој сајт.

Бројот на фотографии

Повеќето лажни профили имаат само по една фотографија на која јасно се гледа дека е некоја јавна личност и дека станува збор за лажен профил.

Проверете го времепловот

Кога ќе посетите лажен профил, најчесто нема ништо на нивниот времеплов или постојат само информации за фотографијата поставена на профилот и датумот кога тој е направен.

Повеќето од нив се жени

Истражувањата покажаа дека повеќето од лажните профили на Фејсбук се од женски пол, често со провокативна фотографија или име.

Проверете ги пријателите

Во случај на профилот кој ве додаде немате ниту еден заеднички пријател во тој случај профилот е лажен.

Извор: Вистина.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1