Еве како да препознаете ЛОШ СМЕШТАЈ кога резервирате онлајн


Ништо не може да расипе еден одмор, колку што може тоа да го направи пристигнувањето во уплатеното сместување, и допрва да увидите дека истото се наоѓа на лоша локација, се распаѓа, или пак има голем број на други проблеми.

Постојат бројни онлајн алатки (од сајтовите за критики и Google Maps, до најчудните слики), кои можат да ви претскажат дека веројатно сте резервирале лошо сместување. Еве неколку од нив, избрани од Thrilist:

Сликите се уметнички или искривени …

Сместувањето нуди соба, а не организира уметничка изложба. Близок кадар на вазна во фоајето, но не и слика од лобито? Црвена ламба. Ако пак фотографот ја користи т.н. леќа fisheye (која проширува фрејмови), постои голема веројатност собите да се мали. Истото важи и за прекумерната употреба на филтри при снимањето.

Во случајот подоле не велиме дека сместувањето е лошо, само укажуваме на тоа кои финти се користат за да се сокрие недостатокот – во случајов, тоа дека собата е мала.

Фото:soba krevet hotel2

Реалност:soba krevet hotel

…Или пак изгледаат премногу добро

Во исто време треба да внимавате и на фотографии, кои изгледаат премногу совршени. Однапред подготвена и речиси обработена со „Фотошоп“ слика на хотелскиот базен или на плажа со секси жена во костим за капење, изгледа прилично совршено, нели? Она што нема да го видите, сепак, е градежниот објект до базенот, или вистината за тоа колку е тесна плажата.

Фото:plaza2

Реалност:PLAZA

Google Maps ја открива вистината

За да видите колку добро изгледа вашето сместување, напишете ја адресата на Google Maps. Ако хотелот однадвор изгледа привлечен, постои веројатност и внатре да е во слична состојба. Се разбира, сликите во Google Maps може да се стари неколку години, но барем можете да се јавите за да прашате дали хотелот е реновиран во скоро време. Можете исто така да се прошетате низ областа околу хотелот, за да се видите дали тој навистина се наоѓа во центарот на случувањата, како што се рекламира.

Од хотелите можат да објаснуваат колку сакаат за локацијата, но вие можете да го користите Street View за да видите дали сето ова е вистина.

Сликата подоле е извадена од страната на еден луксузен хотел. Не можеме да кажеме дека сместувањето е лошо, но вистината е дека не се гледа од ниту една страна водениот простор зад базенот.

Фото:plaza leto bazen

Реалност:plaza leto bazen 2

Лоши коментари на интернет

Во ерата на форуми и постоењето на TripAdvisor, во секое време можете да проверите што велат луѓето за престојот таму. Ако во поголемиот дел преовладуваат негативни коментари, кои се објавени, на пример, пред една недела, тоа е знак да побарате друго сместување.

Со оглед на тоа што кај нас најмногу се летува во Охрид и Грција ви предлагаме да го запишете на „Гугл“ името на местото и до него да напишете форум, и се разбира да прочитате што повеќе искуства, за да создадете слика од повеќе апсекти. На пример – google/Полихроно форум

Вебсајтот ја рекламира локацијата, но не и самиот хотел

Ако на сајтот на хотелот читате за околната населба, град и слично, но нема ништо за самиот хотел, во тој случај, исто така би требало да ви светне црвена сијаличка. Ако пак сајтот е начичкан со слики на Панорамата на градот или на плажата, а во исто време нема слики на собите, не би требало да се сомневате дека ова место ќе ги исполни вашите очекувања.

Фото:LETUVANJE HOTEL1

Реалност:oh33-1

Како да се решите од здодевните газди?

Доколку живеат со вас во исатата куќа, уште пред да уплатите кажете им дека барате сместување каде што ќе бидете сосема сами, дека ви е неопходна приватност и се надевате дека целосно ќе ви ја овозможат.

365.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1