На многу едноставен начин во само неколку чекори можете да видите дали некој ви чепкал по профилот на Фејсбук.
Откако ќе стиснете на edit, потоа преминете на security, каде ќе го добиете менито во кое ќе изберете settings.
Во следниот прозор кликнете на Security па потоа на Edit кај Active Sessions, како што е означено на фотографијата.
Тогаш ќе ја добиете истата локација и уред со кој сте логирани на својот профил. Тука се информациите како оперативен систем и периодот кога сте биле логирани.
Доколку приметите некакво сомнително логирање од уреди за кои не сте сигурни, можете веднаш да ги прекинете со еден клик на End Activity, но веднаш потоа можете да ја промените шифрата и да го решите проблемот.