Можеби не е исто како и печено под вршник, но и оваа варијанта приготвена во рерна е повеќе од одлична. Уживајте во вкусот на традицијата.
Состојки
- 500 г брашно
- 800 г вода
- 40 мл маслиново масло (или маст)
- 1 јајце
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
Подготовка
- Во пластичен сад, со помош на миксер, измешајте ги сите состојки. Добиеното тесто, слично како за палачинки, оставете го барем половина час да одмори.
- Тавата во која ќе го печете тури-потпечи, намачкајте ја малку со масло и ставете ја во рерна, на 240 степени, добро да се загрее.
- Со лажица за супа, истураме смеса колку да се направи тенок слој како за палачинка. Печеме се додека не добиеме крцкава кора.
- Ја вадиме тавата и повторно истураме тенок слој смеса. Печеме повторно се додека не добиеме убава и крцкава кора.
- Продолжуваме да истураме и да печеме, но сега само со вклучен горниот грејач на рерната и со малку отворена рерна. По желба, наросуваме со сирење.
- На крај, го сечеме тури-потпечи, го мачкаме со слој маслиново масло и го печеме уште неколку минути или се додека не добие златно-кафена боја.
- Оставете го малку да се олади и послужете го со чаша јогурт, кисело млеко, сирење, ајвар…. Имајте добар апетит!