Еве како Државната лотарија на Србија го објасни скандалот


Српската Државна лотарија наведе дека искажува жалење поради грешката која што се случила во текот на извлекувањето за 59-тото коло при што додаваат дека покрај сите процедури за утврдување на регуларностите во текот на извлекувањето, ќе ги испитаат и околностите кои што довеле до настанување на ваквата грешка, односно превидот кој што се случил.

Државната лотарија на Србија соопшти дека при извлекувањето на играта Лото 7 од 39, во колото од 28-ми јуни, дошло до технички грешки предизвикани од човечки фактор, односно превид на операторите кои што биле ангажирани за извлекувањето, така што на екранот по грешка бил испишан бројот 21.loto-620x400

Поединечни белградски медиуми уште вчера вечерта објавија дека самото извлекување предизвикало огромни сомнежи кај гледачите дека се работи за наместени броеви, откако после наизглед регуларното извлекување на првите три броеви (4, 33 и 12), како четврти број било извлечено топчето со број 27, додека на екранот најпрво се испишал бројот 21 а потоа и 27, како петти број.

Кога дошло на ред и петтото топче, било извлечено токму топчето со број 21. После тоа во еден момент на екранот биле испишани само 27-ци, за потоа да исчезне и целиот графички приказ од екранот, наведуваат медиумите.

– Државната лотарија на Србија ги уверува играчите и пошироката јавност дека освен погрешно внесен број, односно грешка на операторите која што нажалост е можна во тек на извлекувања во живо, нема никакви останати работи кои што би ја довеле регуларноста на ова извлекување под знак прашалник, а тоа го потврдија и членовите на Комисијата за извлекување на броеви која што ја сочинуваат два претставника од Државната лотарија на Србија и еден од Министерството за финансии. Ист заклучок донесе и Комисијата на централниот трезор после завршетокот на извлекувањето, се наведува во соопштението кое што било објавено на веб страницата на Државната лотарија на Србија.

Од лотаријата било наведено дека искажуваат жалење поради грешката која што се случила во текот на извлекувањето за 59-тото коло при што додаваат дека покрај сите процедури за утврдување на регуларностите во текот на извлекувањето, ќе ги испитаат и околностите кои што довеле до настанување на ваквата грешка, односно превидот кој што се случил.

– Уште еднаш ги уверуваме сите заинтересирани страни дека оваа техничка грешка на ниту еден начин не ја довела под знак прашалник регуларноста на ова извлекување, потенцира Државната лотарија на Србија.

Огромна случајност или сепак не, погледнете уште еднаш и донесете ја вашата одлука:

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1