Побегнете од скопскиот пекол – во пештерата Врело е 12 степени


Свежината со температура од околу 12 степени Целзиусови ја прави пештерата Врело, идеално место за брзо бегство од горештиниве и врелиот асфалт на скопските улици. Екипа на „Кирилица“ го посети ова туристичко место лоцирано во кањонот Матка од десната страна на реката Треска.Vrelo_Matka_CaveDIving nurkac pestera4

До пештерата Врело се стигнува со организиран превоз со чамец преку езерото Матка кој трае околу 20 минути.

Врело е составено од две пештери, подводна и надводна, со досега откриена длабочина од 212 метри, што во моментов ја прави најдлабока подводна пештера на Балканот и втора најдлабока во Европа, но длабочината не е целосно откриена. Се претпоставува дека е длабока 330 метри, односно дека е најдлабока подводна пештера во светот. Во 2008 година, пештерата била на 71 место во длабочина со 100 метри, но со новите истражувања, изведени во 2009 година, пештерата има длабочина од 192 метри и се наоѓа на 14 место на светската листа на подводни пештери.

Во длабочината на пештерата се наоѓаат две езера, Мало и Големо Езеро со своја т.н. руска плажа. Малото езеро има форма на осмица. Во најширокиот дел има димензија од 8 метри, а должината и длабочината му се 15 метри, додека Големото езеро има должина од 35 метри, широчина од 15 метри, а длабочина од 15-18 метри. Езерата се создадени по изградбата на акумулацијата Матка во 1936, што значи дека некогаш во пештерата немало вода, поради што можат да се забелеажт и сталактити во водата.

Кирилица.ком

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1