Пожарот што на новогодишната ноќ избувна во луксузниот хотел Адрес даунтаун зад себе остави огромна материјална штета.
Пожарникарите и тимовите за цивилна заштита неколку часа се бореа против пожарот што избувна на дваесеттиот кат на овој хотел со пет ѕвездички и брзо се прошири на уште десетина ката.
Вчера медиумската канцеларија во Дубаи објави снимка од урнатините, на која се гледаат целосно изгорените простории и делови од зградата, како и огромниот неред и поплавите што се случија при гаснењето на пожарот.