Се закануваат со терористички напади – Нова терористичка група „Балкански бригади“


Италијанските власти и безбедносните служби дале знак за тревога бидејќи било утврдено дека „заканата од тероризмот не демне само од Либија и Сирија, туку нов терористички фронт против Италија се отвори на исток, опасноста се нарекува Балкански бригади… а заканата пристигнува преку Албанија и Косово“.

Ова го пишува италијанскиот весник Стампа, повикувајќи се на извори во италијанските безбедносни служби и КФОР на Косово, каде што, според податоците на НАТО, има повеќе од 900 исламистички терористи.djihad balkan

Италијанскиот весник укажува дека и самиот премиер во Рим Матео Ренци рече дека заѕвонила тревога поради опасноста од „балканскиот џихад“, но и јорданските безбедносни служби предупредија дека „Јордан е една од најзагрижените земји поради подемот на фронот на џихадистите од Косово-Албанија“.

„Мрежата на џамии и екстремистички имами во Албанија многу ја загрижува нашата земја, а најголем број европски џихадисти поминале низ Приштина и Тирана“, додава Стампа, укажувајќи на фактот дека италијанските власти од јануари до декември 2015 година депортирале 65 имигранти, илегалци или лица со дозвола за престој зашто било утврдено дека се поврзани со терористите.

„Овие 65 мажи и жени подготвувале атентати и ја користеле нашата земја како оперативна база за сеење терор во Европа“, додаде тој.

„Балканската рута на исламистите има силни врски со Италија и директно доаѓа во нашата куќа, а нашите антитерористички сили внимателно ги следат балканските фундаменталистички кругови, свесни колку се опасни тие“, објаснува Стампа.

„Новите генерации балкански имами се обучени со стипендии и образование во фундаменталистичките центри на Арапскиот Полуостров, па по враќањето тие дојдоа во новите џамии изградени со пари од земјите на Заливот (100 џамии за десет години се изградени само на малото Косово), од каде што го шират својот вахабистички отров“, вели Стампа во написот.

„Дваесет години подоцна, регрутирањето и заминувањето на џихадистите во Сирија го изнесоа тој процес на виделина, а странски борци од албанскиот народ што се борат во редовите на Исламска држава или Џабхат ал Нусра има над илјада (КФОР вели дека ги има 900 Косово, 150 од Албанија и педесетина од редовите на албанското малцинство во Македонија)“.

Стампа ги пренесува и сознанијата на европските и американските разузнавачки служби дека мрежите на овие џихадисти се „многу добро опремени, честопати тесно поврзани со моќниот домашен организиран криминал“.

„Овие се оперативно подготвени локални ќелии, добро снабдени со пари и оружје, со силни семејни врски, што продорот во нив го прави многу тежок“, вели весникот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1