Тажна судбина: Наоми Кембел заврши во инвалидска количка (фото)


Веќе извесен период се зборува дека Наоми Кембел (47) има проблеми со нозете поради високите потпетици кои ги носи целиот живот. Сепак, светот остана во шок откако за прв пат ја виде црната газела во оваа состојба. naomi33

Убавата манекенка завршила во инвалидска количка по повредата на стапалото, пишува Дејли Мејл.

Нејзиниот претставник изјавил дека е во прашање помала повреда која наскоро треба да  биде излекувана, но се повеќе се зборува за големите боли кои Наоми ги трпи. Наводно имала и операција на колковите, а како што пренесуваат светските таблоиди оваа состојба е последица од високите потпетици и секојдневното вежбање.naomi

Во  последно време Наоми во неколку наврати била фатена од папараците како се потпира на стап додека оди, а неколку дена пред Божок е фотографирана во инвалидска количка.

Ова не е прв пат Наоми да ја плаќа цената на модната индустрија. Порано на големо се пишуваше дека драстично и опаднала косата како резултат од илјадниците фризерски зафати за потребите на големите модни ревии.naomi2

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1