Физибилити студијата ќе ја подготви бирото „Архитектоника“ на Жарко Чаушевски, еден од авторите на идејното решение на барокната фасада на ГТЦ.
Кон крајот мај 2013 година, раководството на ГТЦ го објави победничкиот архитектонски труд на авторите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов, со кој се предвидува промена на постоечкиот изглед на трговскиот центар.
Идејното решение предвидува изведба на нова барокна фасада, десетици антички столбови, доградба на третиот кат и поставување на скулптури на идната тераса од објектот.