По завршениот конкурс за избор на фирма што ќе го изработува основниот проект за новиот Луна-парк, победничкиот тим „Лунар”, составен од младите архитекти Kлимент Патчев, Филип Kонески, Марјан Димиќ и Борис Јурмовски-Борко, кој ја доби првата награда за идејното решение, реши јавно да го сподели својот конкурсен труд, пренесува Build.mk.
Според нив, главен симбол врз кој се темели изработката на Луна-паркот е Месечината. Таа ќе биде лоцирана над едукативниот центар, ќе биде илуминирана и ќе доминира физички над паркот
Возот е подигнат на столбови. Ќе има простор за холограмски и 3Д-проекции, планетариумот, амфитеатарот за предавања, набљудувачка кула во која ќе има ресторан.