Избегнете ги замките: Знаете ли како можат да ве измамат во супермаркетите?
Секој пат кога одите во продавниците и супермаркетите да пазарите, правите листа на продукти кои треба да ги набавите и секој пат сте одлучни да не потрошите повеќе од планираното. Но, често ја полните количката и со работи кои не ви се потребни.
Еве некои од замките кои ги прават задолжените во супермаркетите за да потрошите повеќе и начини на кои можете истите да ги избегнете
Влезниот простор во супермаркетите
Замка: Влезниот простор во продавниците е прилично добра замка за наивните купувачи кои пазарат работи, кои не планирале да ги купат, или воопшто не им требале. Таму се наредени различни производи од ДВД, храна и пијалоци до големи пакети на различни производи, кои делуваат емоционално на муштериите.
Што да направите: Иако ви се чини дека најдобро е, едноставно да поминете мижеечки, сепак ова не е препорачливо затоа што цело време потоа ќе ве прогонува мислата дали сепак требало да погледнете. Наместо тоа полека и внимателно набљудувајте ги производите кои ви се понудени. Застанете за момент и добро размислете за понатаму. Доколку застанете во тој момент, мали се шансите за понатаму, импулсивно да пазарите.
Положбата на овошјето и зеленчукот
Замката: Некои експерти сметаат дека зеленчукот и овошјето се сместени на самиот влез во продавницата, затоа што купувањето на храната која се смета за здрава, помалку предизвикува грижа на совест.
Што да направите: Почекајте со пазарењето на овие производи се до крајот на шопингот. Така ќе спречите прекумерно пазарење, а со тоа и потрошувачка.
Замка: Голема количина на попусти и смалени цени потсетува на голема потрошувачка.
Што да направите: Размислите и во предвид земете ја вистинската цена на производот. Доколку ваквиот производ би го купиле и по вистинската цена, попустот е добра прилика, но доколку одреден производ го купувате само затоа што е намалена цента, тогаш тоа е само фрлање на пари.
Роба во одредени продавници
Замка: Робата во одредени продавници и покрај тоа што конкурира со пониски цени, нивниот квалитет не е секогаш загарантиран. Освен тоа, робата во одредени продавници доста често се сместени на воочливи места, за да го привлечат вниманието на потенцијалниот купувач.
Што да направите: Секој пат кога пазарите, оставете си малку време и споредете ги цените, за да бидете сигурни дека пазарите по поволни цени.
Замка: Дури и да не сте гладни, секогаш кога ќе ви понадат некој производ да го дегустирате, во тој момент вашиот организам дава сигнал дека сте подготвени за оброк, а истражувањата покажале дека ваквата мала психолошка и физолошка промена, може да влија во дисциплината на купувачот.
Што да направите: Не пробувајте се до крајот на шопингот, инаку во корпата може се да ставите.