Прават луна парк – Осама Бин Ладен ленд, каде што е убиен


osama fun

Зоолошка градина, авантуристички клуб, параглајдерство, ресторани и водопади, сето ова ќе биде дел од проектот вреден 30,000,000 долари на пакистанската влада, за подобрување на имиџот на Аботабад, по убиството на Осама бин Ладен во овој град.

Сосема нов забавен парк во малиот град, се очекува да биде направен во наредните осум години. Тој ќе вклучува ресторани, вештачки водопади, флора и фауна, зоолошка градина, патеки за трчање и др.

Пакистанската влада најави јавно-приватно партнерство во проектот, во обид да го заживее туризмот и спортските активности.

general-abbottabad-pakistan-shows.nПакистнаките официјални лица ги негираа наводите дека проектот има поврзаност со елиминацијата на Осама бин Ладен од страна на американските воени служби и најавија дека имаат за цел само да го подобрат имиџот на градот.
„Работиме во промовирање на туризмот, а овој проект ќе биде една од иницијалните каписли за подобрување на истиот “, изјавил министерот за спорт и туризам на Пакистан, Сеид Акил Шах.
20% од приходите ќе бидат потрошени за развој на соодветната област, а на жителите ќе им се даде приоритет во работните места.

И покрај големата нестабилност на поголемиот дел од Пакистан во последните децении, овој град остана мирен без самоубиствени бомбашки напади и претставува омилена летна дестинација за одмор и релаксација на богатите Пакистанци.

photographs-demolition-works-compound1

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1