Еве како од 1 евро да направите 25!


Сигурно во комшии имате барем по еден кој што од раните утрински часови ви кука за тоа како со платата не може да го помине ниту половина месец. Такви за воља на вистината ги има многу.

Но треба да имате отворени очи, пари може да се заработат на секоја кривина.

Еве на пример земете ги фотографите за пример. Тие на ништо не се жалат, а богами со тоа што го заработуваат и нема ниту потреба за такво нешто.evra

За време на свадба крштевска, некоја прослава светат блицеви на сите страни. Едно е сигурно луѓето плаќаат за вакви фотографии и дебела пара, и до 1000 денари, само за да дојдат до фотка на која на некоја прослава изгледаат совршено.

Така што фотографирањето е дефинитвно занает од кој во Македонија може многу да се заработи. За тоа сведочат и младоженците.

-На свадба имав 290 гости. Фотографите една фотка наплаќаа по 150 денари, а вкупно беа направени 4000 фотографии. Самиот јас купив 960 слики. Од младоженците некако и не се очекува помалце. Со оглед на тоа што младоженецот и невестата имаат некаков попуст, фотките не чинеа по 100 денари. Се на се фотките ме чинеа околу 1000 евра.

Тие пак за истите тие 960 слики даваат нешто повеќе од 100 евра.

Немавме можност да прашаме колку во просек од гостите ги набавија фотките.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1