Се подготвува невидена операција во ЕУ – Воените бродови се подготвени, се чека само дозвола!


Земјите-членки на Европска унија  се договорија во јуни да покренат поморска операција против трговците со луѓе, одговорни за приливот на имигранти преку Средоземно Море во Европа, соопшти денеска шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

imigranti egejsko more

Седиштето на новата поморска мисија против трговците со луѓе ќе биде во Рим, а ќе ја предводи италијанскиот адмирал Енрико Кредандино. Советот за безбедност на Обединети нации треба со резолуција да ја поддржи воената акција.

Во оваа досега невидена операција ќе учествуваат воени бродови и извиднички авиони на европската војска во морето покрај крајбрежјето на Либија која прерасна во една од најголемите транзитни точки за имигрантите кои сакаат да стигнат до тлото на Европа.voen-brod-650x320

Франција, Велика Британија, Италија, Германија и Шпанија веќе ветија дека ќе дадат свои бродови, додека Полска и Словенија ќе испратат извиднички авиони или хеликоптери, наведуваат дипломатски извори.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1