Новата банкнота од 10 евра ќе биде пуштена утре. Холограмот и водениот жиг на банкнотата го покажуваат портретот на Европа, лик од грчката митологија.
На неа ќе има уште неколку обележја. поточно рабовите ќе бидат поизразени со релјефните линии кои можат да се почуствуваат со благ допир на прст.
Покрај тоа предната страбна има рефлектирачки делови. Бројот 10 испечатен во смарагдно зелена боја, ќе ја менува бојата во темносина на промена на светлината и движење. Новите банкноти се очекува и да траат подолго, како резултат на дополнителните заштитни облоги на хартијата.
Сите евро-банкноти од првата серија се очекува да бидат заменети со нови и позаштитени во следните неколку години, што треба да им ја отежне работата на фалсификаторите. Еве како изгледаат новите 10 евра: