Еве како пилотот не можел да влезе во кабината (Видео/Фото)


По нападите од 11. 09, кога терористите ги разбија вратите на пилотските кабини и ја преземаа контролата врз авионите, регулаторите во авијацијата преземаа безбедносни мерки и ги примораа изработувачите да ги зајакнат вратите од пилотската кабина, поради што е мошне тешко да ги отворите однадвор.

– Пилотот надвор прво полека тропа на вратата и нема одговор. Потоа тој тропа на вратата посилно и повторно нема одговор. Се слуша дека тој се обидел да ја скрши вратата, вели изворот.XXX_A320 cockpit GRAPHIC.1

Видеото покажува дека пилотот може да влезе во кабината отворајќи ја вратата на копче одвнатре. Дозвола за влез може да се добие само откако пилотот внатре ќе го употреби телефонот за да воспостави контакт.

kokpit avion vrata pilotИмено, вратата од кокпитот, односно нејзиното заклучување и отклучување се контролира од внатре, во пилотската кабина.

Доколку некој од екипажот сака да влезе во кокпитот има посебна процедура која треба да ја почитува, односно претходно да се јави преку интерфон во кабината, а потоа да притисне одредена шифра на тастатурата која се наоѓа пред вратата. Тогаш, пилотот ја отклучува кабината.

Во случај кога процедурата нема да се испочитува, пилотите можат да ја заклучат кабината и тогаш никој не може да ја отклуччи

Во јавноста кружеа дилеми околу можноста копилотот да се онесвестил во кокпитот и затоа да не можел да ја отвори вратата.

Сепак, самиот систем за заштита на пилотската кабина ја предвидел оваа можност, па затоа, екипажот има посебна шифра со која може сам да ја отвори вратата без пилотот да го притисне копчето за тоа, освен кога пилотот не ја онеспособил оваа команда.

avion pilot kokpit vrata 3

Сепак, во случајот со германскиот авион, копилотот комплетно ја заклучил кабината и никој не можел да ја отвори.

Ова видео, објавено од Ербас, во април минатата година прикажува како новиот сигурносен систем на вратите работи:

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1