Еве како умираме чекајќи чист воздух – 4 Македонци дневно умираат од загаден воздух


Чад, прав, мирис на изгорено, магла, слаба видливост, загриженост. Печат очите, гребе грлото, срцето стега. Надвор е кисело, горчливо и тажно. Децата ги нема на игралиштата, рекреативците ги напуштија патеките. Прашање е кога ќе почнеме да се гледаме низ маски преку носевите зашто Македонија се задушува.

gas maska

Како последица на загадениот воздух, по еден Македонец умира на секои шест и пол часа. Во просек, тоа се по речиси четири умирачки дневно, или 1.350 случаи годишно, според најновата анализа на Kанцеларијата на Светската банка во Македонија. Популацијата во Скопје е веќе истрошена. Не живеат тука нови луѓе кои до вчера биле на чист воздух, туку граѓани, на кои кризата им се повторува секоја зима. Белодробниот и циркулаторниот систем се на тест секоја сезона. Сите сме со ослабени организми. Ова е многу сериозна ситуација.

Граѓаните коментираат дека здравјето им се влошува, дека тераат едноподруго настинки и не можат да оздрават. Kонцентрацијата и расположението им се намалени, ги мачат главоболки. Животот им го нема вообичаениот тек зашто многумина си го ограничуваат движењето надвор.

Kако убива воздухот? 

– Оптовареноста на кардиоваскуларниот систем во вакви услови е зголемена повеќе пати и доаѓа до откажување на срцето. При белодробни опструктивни болести, бронхитиси, доаѓа до максимално затнување на дишните патишта, белите дробови функционираат со намален капацитет, срцето ослабува и доаѓа до кардио-пулмонална смрт.

Вреди ли да носиме маски преку лицето?

– За кратки дестинации може да се носат маски, но зависи колкава е нивната филтрација. Опасни се честичките што се помали од 10 микрометри, па најдобро е да не се излегува. Оние што работат на отворено треба да се под посебна опсервација, затоа што работејќи, тие дишат позабрзано и така внесуваат повеќе загадувачки материи во себе.

Светската банка излезе со процена дека 1.350 луѓе умираат поради аерозагадување, а економијата губи 253 милиони евра.

zagaduvanje-2-300x225

Надминувања на дневната концентрација не смее да има повеќе од 35 дена во годината за да се заштити здравјето на луѓето, но лимитот е одамна надминат. Во Лисиче практично цела година повеќе дишат прав отколку кислород, зашто 24-часовната граница таму е пречекорена фантастични 270 дена во оваа година. Така било и 200 дена во Центар. Притоа, среднодневните концентрации се далеку од наивни – достигаат вредности и над 800 микрограми на кубик воздух, што практично значи дека таму буквално постојано, без ни еден час олеснување, воздухот бил алармантно загаден.

Еве какво се загадување може да има на воздухот и кои се здраствените проблеми и симптоми кои ги предизвикуваат 

Јаглерод моноксид (CO)

-Гас без боја и мирис
-Издувни гасови од моторни возила, внатрешните извори вклучуваат печки кои согоруваат керозин или дрва.
-главоболки, намалена ментална будност, срцев удар, кардиоваскуларни заболувања, нарушување на феталниот развој, смрт

zagaduvanje

Сулфур диоксид (SO2)

-Безбоен гас кој се раствора во вода и ипсраува формирајки сулфурна киселина, и влегува во интеракција со други гасови и честички во воздухот.
-Термо-електрани на јаглен, рафинерии на нафта, производтсво на сулфурна киселина и топење на руди кои содржат сулфур.
-Иритација на очи,солзење, тежина во гради, губиотк на здив, оштетување на бели дробови.

Азот диоксид (NO2)

-Црвеникаво кафен, високо реактивен гас.
-Моторни возила, електрични објеки, и други индустриски, комерцијални или резиденцијални објекти каде се согоруваат течни горива.
-Приемчивост на респираторни инфкеции, иритација на белите дрибови и респираторни симптоми(на пр. кашлица, болка во гради, отежнато дишење).

Озон (O3)

-Гасовит загадувач кога се фромира во тропосферата.
-Издувни гасови од возилата и некои други чадења. Се формира од други полутанти во присуство на сончевата светлина.
-Иритација на очи и грло, кашлица, проблеми во респираторниот тракт, астма, оштетување на бели дробови.

zagaduvanje1

Цврсти честички (PM) 

-Многу мали честички на гар, прав или други материи, вклучувајки и тенки капки на течности
-Дизел машини, термоелектрани, индустрии, прав разнесуван од ветер, печки на дрва.
-Иритација на очи, астма, бронхитис, оштетување на бели дробови, канцер, труење со тешки метали, ефекти на кардиоваскуларниот систем

Приземен озон – е штетен озон и претставува главна состојка на фотохемискиот смог. За разлика од него озонот кој се наоѓа во стратосферата е корисен озон, и служи како апсорбер на дел од потенцијалното опасно УВ-зрачење од Сонцето. Озонот не се емитува во атмосферата, напротив тој се формира од испарливите органски компноненти и азотните оксиди.

Здравствени ефекти – Прекумерното ниво на приземен (штетен озон) во воздухот, може да има значајно влијание врз човечкото здравје. Тој може да предизвика проблеми со дишењето, асма, намалување на функционалноста на белите дробови и други болести на белите дробови.

Сулфур двооксид – е безбоен гас со остар мирис и претставува еден од основните загадувачи. Природни извори на сулфур се: морските планктони, морска вода, бактериите, растенијата, вулканските ерупции. Антропогени извори се индустриските капацитети кои согоруваат фосилните горива кои содржат сулфур, топилници на руда и рафинерии на нафта.

Здравствени ефекти – Сулфур двооксидот може да влијае врз респираторниот систем и фунциите на белите дробови и да предизвика иритација на очите. При релативно високи концентрации, сулфур двооксидот предизвикува опасни респираторни проблеми. Воспалението на респираторниот тракт предизвикува кашлање, слуз секреција, влошување на астмата и хроничниот бронхитис кој ја зголемува склоноста на луѓето кон инфекции на респираторниот тракт. Во деновите со повисоки концентрации на SO2 се зголемува бројот на болничките случаи на луѓе кои страдаат од срцеви заболувања.

zagaduvanje2

Азот е гас кој е најзастапен во атмосферата, зафаќа околу 78%. Азотните оксиди главно се формираат од азот и кислород при високи температури, како резлутат на согорување на горивата од возилата.

Здравствени ефекти – Краткорочната изложеност на NO2 има негативни ефекти врз респираторниот систем, вклучувајќи воспаление на дишните патишта кај здрави лица и зголемени респираторни симптоми нај луѓето со астма. Исто така можни се симптоми на бронхитис.  При подолгорочна изложеност на NO2 се јавуваат проблеми кај астматичните деца. Намалената функционалност на белите дробови е исто така поврзана со растот на концентрациите на NO2.

Јаглерод моноксид е безбоен, запалив гас без мирис. Тој е главен загадувач во урбаните средини, а се создава при нецелосно согорување на горивата.Антропогени извори се: моторните возила на бензин, дим од цигари, согорување на биомаси, додека пак природни извори на јаглерод моноксид се: согорување на биомаса.

Здравствени ефекти – Јаглерод моноксид е високо токсичен за луѓето. При вдишување на јаглерод моноксид се намалува способноста на хемоглобино во крвта да се сврзе со кислородот. Јаглерод моноксидот во атмосферата оксидира во CO2. Јаглеродот двооксидот е клучен стакленички гас. Основни извори се: согорувањето на фосилните горива, сечење на шумите и производство на цемент.

Zagadjenje-vazduha-2-500x296

Металите како загадувачи. Металите: олово, жива, кадмиум, хром, никел се наоѓаат како нечистотии во горивата. Антропогени извори на металите се емисии кои настануваат при минирање на метали и производствени капацитети, моторни возила и слични процеси. На пример, оловото е корисен метал, но присуството на олово и другите метали во воздухот се високо токсични.

Партикуларни честички(PM10 и PM2.5) – се цврсти или течни честички суспендирани во воздухот, кои имаат многу мали димензии. Примери за партикуларни честички се: прашина, чад, дим, сулфати, нитрати, азбест, пестициди, био-аеросоли(полен, спори, бактерии, и др). Атропогени извори на партикуларни честички се различни процеси: горење на биомаси, индустриски процеси, земјоделски активности.

Здравствени ефекти – Партикуларните честички имаат негативни влијанија врз здравјето и делуваат многу штетно на човековиот песпираторен систем. Хроничната изложеност на овие честички придонесува за зголемување на ризикот од појава на кардиоваскуларни и респираторни болести.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1