Еве каква пролет и лето ја очекуваат Македонија


Според анализите на расположливите податоци и информации од европските и американските истражувачки центри за сезонските изгледи на времето и климата постојат изгледи за променлива, релативно влажна и врнежлива пролет во Македонија со температури под просечните за месец април како резултат на променливото и влажно време и во рамките на просечните за мај и јуни.vreme.jpg-500

Од Управа за хидрометеролошки работи велат дека е речиси невозможно да се каже какво ќе биде времето деновиве или месеци однапред, но според нивните анализи очекуваат и оваа пролет да биде врнежлива со температури под просечните. Што се однесува до летниот период, постои веројатност за променливи и понестабилни временски услови, но, не се очекува да има промени во однос на температурите.

– Иако, во однос на температурите не се очекуваат поголеми отстапувања, карактеристично за овој период би била зачестената појава на нестабилни атмосферски услови, кои вообичаено се проследени со појава на краткотрајни поројни врнежи, засилен ветер, грмежи, град, а во одредени ситуации овие процеси можат да бидат и многу поинтензивни и да доведат до појава на локално невреме и поплави, велат од УХМР.

Поради појава на вла­ж­­ни про­цеси во атмо­сфе­рата, засилени продори на посвежи и повлажни воздушни маси од Атлантикот на Европскиот континент, кои носат освежување зачес­тено фор­ми­рање на циклони, ини­ци­рање на бури и појава на зголемени количини на врнежи. Во втората половина од месец април се очекува да продолжат променливите временски услови, но со пораст на температурите. Кон крајот на месецот не се исклучува можноста за појава на посуви и потопли временски услови посебно во јужните и југоисточните региони, информира директорот на Управата  за хидрометеролошки работи.

– Во мај температурите се предвидува да бидат малку над просечните додека врнежите ќе бележат сосема благо зголемување во однос на просечните за овој период. Првата половина на мај се очекува да донесе потопли услови со повеќе сончеви денови, но и со услови за нестабилност и појава на повремени поројни врнежи. Според климатските предвидувања, овој тренд но со поблаг интензитет се очекува да продолжи и во втората половина од месец мај со температури во рамките на просечните. Во секој случај и покрај променливите прилики постои веројатност за посуво и потопло време посебно во јужните делови, вели Ромевски.

Според него, комбинацијата на влажната зима со обилни снежни врнежи, особено во планинските предели и влажните атмосферски процеси поврзани со појава на циклони и фронтални системи, ќе доведе до овој зголемен ризик за поплави во втората половина на април и почетокот од мај.

Во однос на температурите за овој тромесечен циклус постои веројатност за сосема благ пораст на температурите на приземје во однос на просечните. Анализата е дополнета со податоци добиени од климатскиот центар НОАА од САД, за сегашниот тренд и предвидувањата во однос на уште еден атмосферски феномен т.н. Ел Нињо-Јужна осцилација (ENSO), информира директорот на Управата за хидрометеролошки работи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1