Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, ветровито и релативно студено со повремен локален дожд, особено претпладне. Утринската температура ќе се спушти помеѓу 2 и 9 степени, а дневната од 10 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, ветровито и релативно студено.
Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне до 16 степени.
Во текот на ноќта ќе се спушта постуден воздух од север, кој задутре ќе предизвика нагло опаѓање на дневната температура за 8 до 11 степени.
До вторник ќе преовладува променливо облачно, ветровито и релативно студено време со повремен локален дожд со променлив интензитет.
На повисоките планини ќе има услови за повремен слаб снег.