ФОТО: Загина најубавиот маж на светот: Од модна писта во џихад, па во смрт!


Шарки Јама (25) бил манекен во подем, кој работел во клубоите во Мелбурн како ди-џеј, а за кого многумина зборувале дека го чека блескава кариера бидејќи ги има сите предиспозиции да го прогласат за најубав маж на светот.

Меѓутоа, минатата година мистериозно исчезнал, па се испоставило дека побегнал во џихад. За жал, починал пред неколку дена во терористичките борби на Исламската држава, на чија страна бил.npig3t95
Неговите родителите набрзо по смртта ја добиле шокантната порака во која биле информирани дека нивниот син починал. Веднаш потоа следувал и повикот од калифатот во која им била потврдена страшната веста.

Момчето деновите, наводно, ги поминувало во ирачкиот град Фалуџи, кој прв паднал под контролата на брутлните џихадисти, а животот го загубил на сириското бојно поле. Родителите знаеле каде им се наоѓа синот, но одбивале тоа да го прифатат.

– Никогаш не ни објасни што таму со него се случува и со што се занимава. Неговото семејство е едноставно, а никогаш меѓусебе не разговараат за таквите работи – рекол претседателот на Собранието на сомалиските Австралијци во државата Викторија, Хусеин Хараков.

Никој се уште не може да ја потврди неговата смрт бидејќи во Сирија е есктремно опасна ситуацијата, па властите не се во можност да им пружаат помош на државјаните на Австралија.

– Имам многу едноставна порака која сакам да им ја порачам на сите кои помислуваат на пат преку океанот за да и се придружат на некоја терористичка организација. Не одете таму. Тоа се култови на смртта кои немаат никаква врска со религијата, туку исклучиво со смртта – рекол Тони Абот, австралискиот премиер.

„Беше симпатично момче, многу пристојно, секогаш насмеано и пред него беше голема манекенска кариера“, заклучил Стивен Бакнал од агенцијата „ФРМ Менаџмент“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1