Годината на раѓање укажува на проблеми кој ќе ги имате во животот – Еве кои


Истражувањето на научниците од Медицинскиот универзитет во Њујорк покажува дека бебињата родени во одредени години највероватно ќе бидат склони да пушат и да крадат.

Децата родени во текот на економските кризи имаат поголеми шанси да изразнат во проблематични тинејџери.bebe vreme ragjanje

Со истражувањето биле опфатен речиси 9.000 луѓе родени во периодот од 1980 до 1984 година, кога САД беа погодени од економската рецесија, а кои учествуваа во анкетата на Бирото за статистика на трудот на САД во 1997 година, кога имаа од 12 до 17 години. Резултатите покажуваат дека одредено деструктивно и деликвентно однесување почесто е меѓу децата кои се родени во области каде е висока стапката на невработеност.

Ризикот дека ќе бидат уапсени, ќе се придружат на банда, ќе користат марихуана, ќе крадат, ќе пушат и ќе пијат е малку повисок (од шест до 17 отсто) кај децата кои се родени или првите неколку години ги поминале во опкружување со висока стапка на невработеност, дури и ако родителите имале доволно средства или биле вработени.

Се поставува прашањето дали децата кои се родени од 2009 година непристојно ќе се однесуваат и ќе прават проблеми за десет години. Научниците истакнуваат дека иако поврзаноста е силна не значи дека некој што е роден за време на рецесија е и осуден да има проблематичен живот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1