Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер.
Температурата ќе се движи од 22 до 32 степени Целзиусови, a УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со температура од 15 до 30 степени.
Во наредните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со мала облачност.
Температурите ќе бидат во пораст, а само во четврток во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотрајна локална нестабилност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.