во текот на целиот ден ќе се задржи облачно, свежо и врнежливо време, со ретки грмежи и умерен југоисточен ветер, а на места повторно ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог. Температурата ќе се движи од 20 до 25 степени.
Според УХМР, се очекува да наврнат и до 30 литри на метар квадратен на повеќе места низ земјава. Од утре ќе има и значителен пад на дневната температура. Период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд како и локална појава на грмежи започна денеска и според прогнозите се очекува да трае се до следниот викенд.
Променливото облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет и со локални грмежи ќе се задржи до крајот на неделата.
Во случај на појава на електрични празнења УХМР препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.