Еве кога ќе плаќаме со новите банкноти (Фото)


Со новите банкноти од 200 и 2 илјади денари ќе се плаќа кон крајот на годинава или евентуално на почетокот на 2017-та – соопштуваат од Народната Банка, пренесува АЛФА.

Подготовките за издавање на парите се уште се во тек, а одлука за официјално пуштање во промет треба да донесе Советот на Народната Банка. Се уште не се знае кога ова прашање ќе биде ставено на дневен ред. Од Народната Банка велат дека веќе избрале компанија која е задолжена за печатење на парите.novi denari

„Избрана е печатарска компанија со која веќе е потпишан договор. Планирано е да се произведат по 10 милиони парчиња од секој апоен. Согласно досегашната динамика, се очекува новите банкноти да бидат пуштени во оптек кон крајот на 2016 година или почетокот на 2017 година, после донесувањето на соодветна одлука за пуштање во оптек“ – велат од НБМ.
Банкнотите ќе бидат соодветно заштитени. Ќе се печатат на специјална хартија во бела боја, со вграден воден печат, заштитна испрекината нитка со впишан текст НБРМ, видливи и невидливи влакна кои рефлектираат во жолта, сина и зелена боја под дејство на ултравиолетови зраци, како и зајакнати рабови против физички оштетувања.

Одлуката за печатење на книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари беше оценета како правилна, направена со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, ако се знае дека тие многу ретко ја користат 5.000-ката.
На крајот на 2014-та беше познат и ликот на банкнотите. 200-ката ќе ја красат мотиви од релјеф од виничките теракотни икони, како и елементи од челната фасада на „Шарената џамија“ во Тетово. На предната страна, пак, на банкнотата од 2 илјади денари, ќе има македонска невестинска носија од Прилепско Поле, а на задната, декорација од внатрешна страна на позлатен сад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1